Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колони на бугарско- грчка граница

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Одлуката на грчките власти да ги ограничат туристичките посети на државата на само неколку гранични премини доведе денеска до 15 километарска колона возила на преминот Кулата – Промахонас, јавуваат бугарските медиуми.

Според вчерашната одлука на владата во Атина, граничниот премин Кулата – Промахонас беше одреден како единствен преку кој од Бугарија може да се влегува во Грција.

Според информациите, процесот на влез на туристите е забавен заради проверката на задолжителните документи за влез во Грција, кои ги воведе нашиот јужен сосед и тестовите за Ковид 19 кои се прават на границата, во најголем дел на туристите од Србија. Со затворањето на граничните премини со Македонија, граничниот премин меѓу Бугарија и Грција е едниствен преку кој илјадниците туристи може да заминат на летување на грчките плажи.