Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коронавирусот се шири во штипските училишта и градинки

/

пред 2172 дена

Сподели преку :

Наставник кој имал часови во две паралелки од второ одделение во штипското основно училиште Тошо Арсов поради позитивен тест на коронавирусот во изолација испрати 34 ученика и две одделенски наставнички. Наставата нема да се прекине, туку ќе се одвива онлјан. Во штипските градинки се регистрира и трет случај, во којшто воспитувачка и негователка се позитивни, а шест деца се во изолација. Од Центарот за јавно здравје велат дека засега ниту едно од децата мнема симптоми и се следи состојбата.

По вчерашните 25 случаи и денеска очекуваме двоцифрена бројка, вирусот се шири меѓу млади над 20 години, семејствата и во образовните институции, додека текстилниот кластер во ТИР зоната стивнува, вели Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје Штип.

Состојбата со вирусот е загрижувачка во источниот регион, во регионалниот Ковид центар притисокот е голем, бидејќи се регистрираат тешки случаи. Шести ден болницата во Кочани прима пациенти со корона, а во оваа болница на болничко лекување имаат и пациенти од Штип. Од 25 кревети пополнети се 15.Најголем проблоем им е кадарот, немаат инфектолог, бидејќи пред неколку месеци заминал во пензија. Пациентите ги лекуваат двајца интернисти и двајца анестезиолози, па поради тоа интерното одделение работи со преполен капацитет за останатите пациенти.

Во штипската клиничка болница битката со коронавирусот ја загуби 72 годишен маж од Штип, а во регионалниот ковид центар пополнети се 53 и остануваат два слободни кревети. 20 пациенти се на кислородна поддршка.

Викторија Димитрова Јованова