Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за тетовец кој не го почитувал решението за изолација

/

пред 2166 дена

Сподели преку :

Полицијата во Тетово открила жител на градот кој не го почитувал решението за изолација во изминатото деноноќие.  Тоа било утврдено во рамки на контролите на луѓето за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација.

-СВР Тетово во текот на изминатите 24 часа изврши контроли кај 785 лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација. При тоа било констатирано дека едно лице од Тетово не го почитувало решението и изготвена му е кривична пријава по член 205 од Кривичниот законик, соопшти портпаролот Марјан Јосифоски.

Ова е втор ваков случај месецов. На 1 октомври едно лице од Долно Палчиште, тетовско не го почитувало решението за самоизолација дома.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (27.10./28.10.) нови решенија за изолација добиле 51 лице додека за неносење заштитни маски 77 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.