Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривични за издавање викендици на групирани славеници на новогодишните празници

/

пред 2123 дена

Сподели преку :

Оперативна акција се води во МВР околу издавањето на викенд-куќите на поголеми групи граѓани кои се подготвени и да ги прекршат правилата за сепак да прослават Нова година.

Издавачите треба да знаат што ги очекува ако делуваат спротивно на Законот и затоа полицијата уште од сега делува превентивно, кажа министерот Оливер Спасовски од владината говорница.

На граѓаните им се обрати многу јасно и недвосмислено – „издавањето на викендици е кривично дело“.

А, дека не смее да се дозволи едни да профитираат додека други само бројат загуби – велат и од една од најзасегнатите гранки, угостителската. Се чувствуваат дискриминирани од властите и бараат итна јавна седница.

Мерки за нивно помагање сакаат веднаш да видат на маса, велат од Независната угостителска комора.

Анти-ковид мерките во претпразничниот период отворија многу дилеми и многу прашања во јавноста. Се преиспитува колку тие се спроведливи.

Вчера, пак, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека и во неговото министерство ги виделе стотиците огласи на интернет во кои се бара објект за изнајмување за новогодишните празници, а голем дел од фокусот сепак го насочи кон свеста на народот, а не и кон казните.

Од Владата кажаа дека само ако има пријава за нарушување на јавниот ред и мир – полицијата може да тропне на вратата кај оние што еуфорично и во гужва ќе ја дочекаат Новата година.

Петар Догов