Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лебот, млекото и зејтинот со замрзнати цени, одлучи Владата

/

пред 1764 дена

Сподели преку :

На денешната владина седница донесена е одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил.
Се замрзнуваат цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата.
Во продолжение, го пренесуваме во целост статусот на министерот за економија, Крешник Бектеши.
Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи!
На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:
– леб;
– шеќер;
– брашно – тип 400;
– сончогледово масло за јадење;
– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– свежо месо и сувомеснати производи;
– сирење и урда
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.