Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маричиќ ги повика судиите да ѝ објаснат на јавноста на кој основ донеле одлука за пуштањето од притвор на Мијалков

/

пред 1746 дена

Сподели преку :

Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, оцени министерот за правда Бојан Маричиќ, посочувајќи дека поранешниот директор на УБК беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да ѝ објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука, и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство. Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството, напиша Маричиќ на социјалните мрежи.

Министерот исто така апелираше до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука.