Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР го истражува говорот на омраза на социјалните мрежи за еврејската група, обвинителство следи и бара информации

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Од МВР соопштија дека почнале да ги истражуваат се почестите интернет напади и закани кои со говор на омраза и антисемитизам се упатени кон 38-те припадници на еврејската група Лев Тахор кои по Куманови и Скопје, сега се сместени во Охирд.

=Секторот за компјутерски криминал презема мерки и активности за ваквите објави кои имаат елементи на кривично дело, ни одговорија од МВР.

На интернет имаше дури и закани од типот „треба да се запали хотелот со Евреите во него“ што  беше наведено и во реакцијата на Еврејската заедница. И според заедницата и според Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Македонија е регистриран антисемитизам кој не бил појава во овдешното општество.

-Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку утврди елементи на кривично дело веднаш ќе постапи согласно своите законски надлежности. Во исто време, ги охрабруваме сите кои поседуваат информации и докази за сторено кривично дело, настанот да го пријават во надлежните институции, ни одговорија од обвинителството.

38 членови на групата Лев Тахор се во Охрид и станува збор за американски, канадски и гватемалски државјани.

Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите. Лицата за кои прашувате ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава, велат од МВР.