Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медицинските сестри на итен состанок со Филипче 

/

пред 2185 дена

Сподели преку :

Откази поради мобинг, нерешен статус, ниски примања, немање соодветна заштита се само дел од проблемите со кои се соочуваат медицинските сестри во ковид центрите и другите клиники. Оставени сме на милост и немилост на политиките на менаџерите во здраствените институции, вели претседателката на Унијата на здруженија на медицински сестри Гордана Бешлиовска.

За овие проблеми во текот на денешниот ден е контактиран министерот за здраство Венко Филипче: Закажана е средба за понеделник. Ќе се бара да се донесе Закон за дејноста на сестринската професија со кој точно ќе се дефинира кои се задачите, компетенциите и одговорностите на медицинските сестри.

Откази даваат не само медицински сестри од инфективните клиники туку и од други одделенија. Наместо потребните 14.000 во моментов има 7.500 сестри.

Незадоволни се и медицинските сестри од Итната медицинска помош.Бешлиовска остварија седба и со нив а барањата ќе му ги презенира на министерот Филипче.

Јулијана Пешевска