Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Местото на малите партии од владејачката коалиција е во новото парламентарно мнозинство

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикува на широк опозициски фронт, отвореност за соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство. „Сите посакуваме да бидеме дел од европското семејство а на малите политички партии кои се дел од владејачката коалиција им подаваме рака да ни се приклучат“, вели Мицкоски.

Соработката во вториот изборен круг продолжува со Алијанса на Албанците и Алтернатива. Во текот на денешниот ден остварен е телефонски разговор со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши кому му било понудено да биде дел од новото мнозинство во Советот на Скопје и другите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ има добиено градоначалници.

Мицкоски: Местото на малите партии од владејачката коалиција е во новото парламентарно мнозинство

Во текот на утрешниот ден Мицкоски ќе разговара и со лидерот на Алијанса, Зијадин Села. За поддршка на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Кичево сѐ уште не е разговарано. Арбен Таравари ги оцени како спин пишувањата дека наводно неговата партија дала зелен сигнал на своето членство да гласа во вториот изборен круг за кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија го повика и раководството на Левица да одлучи во каков формат би сакале да биде соработката на двете партии.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил напиша. ,,Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење. Коалицирањето ќе ја разводни идеологијата.

Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“. А само пред два дена тој порача дека се подготвени за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и поддршка во вториот изборен круг и дека чека да биде поканет во партиското седиште. Покана од ВМРО-ДПМНЕ, Левица досега нема добиено.

Јулијана Пешевска