Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто

/

пред 1836 дена

Сподели преку :

„Продолжуваме будно да ја следиме состојбата со ковид во училиштата, која засега е стабилна и верувам дека со доследно почитување на мерките училиштата ќе останат безбедни и што подолго отворени за учениците“, вели министерката Царовска.

На дневно основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) оценувајќи го ова како исклучително низок процент.

Кога станува збор за процесот на имунизација во образовниот систем, пак, податоците од ресорното Министерство се дека над 72 отсто од наставниот кадар е вакциниран.

Податоците МОН ги соопшти по денешната средба на министерската Мила Царовска со директорите на училиштата во Битола, на кој таа оцени дека учебната година се одвива според посакуваното.