Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На голем број ученици онлајн наставата им е недостижна

/

пред 2257 дена

Сподели преку :

Образовниот систем не е подготвен за да се продолжи со далечинско учење бидејќи онлајн наставата ги извади сите проблеми на површина.

Народниот правобранител до министерот за образование Адеми достави мислење во кое се наведува дека наставници кои не се снаоѓаат добро со компјутерските алатки и ученици кои немаат техничка можност да бидат дел од ваквото учење се проблем којшто не може да се занемари.

Нема ниту Национална платформа, ниту пак унифициран систем за онлајн настава и институциите покажаа неподготвеност, наведува Правобранителот во дописот.

Имајќи во предвид дека учењето од дома можеби ќе мора да биде актуелно уште некое време, истото ќе остане да биде предизвик за родителите коишто не се во можност да обезбедат техничи предуслови за децата, а многу од родителите и не можат да им помогнат во совладување на содржините од наставата.

За помалку од две недели, на 10 август Комисијата за заразни болести ќе донесе конечна одлука за моделот на настава кој ќе се применува во новата учебна година.

Петар Догов