Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Не се чувствувам виновна“ рече велешанката Пале Иловска за убиството на нејзиниот насилен партнер

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Од куќен притвор, Павлинка Иловска беше донесена и изведена пред судија. Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на 23-годишната обвинета за кривичното делово „убиство на миг“. Дело за кое Иловска во судницата кажа дека не се чувствува виновна.

Повеќегодишната семејна голгота на Иловска со партнерот и полицаец Александар Ристовски во септември минатата година доби свој трагичен крај, кога Иловска нападната и истепана, се обидела да се одбрани од Ристовски кој под дејство на алкохол започнал и да ја дави.

Посегнала по било каков предмет за да се спаси – па така, раната со кујнски нож во градниот кош била фатална за сега покојниот. Иако Обвинителството ја товари Иловска за „убиство на миг“, нејзината одбрана не се согласува со тоа.

Адвокатот смета дека обвинетата треба да биде судена за нужна одбрана, односно дека убиството го направила во самоодбрана.

Ова е и прво рочиште за овој предмет, и веќе беа изведени доказите. Сослушани се и сведоците – од блиски роднини па се до вештаците, со што се доби и појасна слика за сите околности коишто претходеле на убиството. Беа дадени и завршни зборови при што обвинителката повтори дека Иловска се товари за кривичното дело „убиство на миг“, но побара Судот да ги земе предвид и олеснителните околности и тоа што обвинетата е младо лице, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од оштетениот.

Предложија мерката куќен притвор да биде продолжена се до правислност на пресудата. Одбраната пак смета дека куќниот притвор треба да биде укинат, а побараа од Судот ослободителна пресуда. Утре во 13 часот е закажано рошитето на кое ќе се објави пресудата.

Петар Догов