Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

-Не сум видел концерт каде народ ѓуска, вришти и носи маска, објаснува епидемиологот  Караџовски кој потенцираше дека свадбите не биле дозволени но свадбарите ги организирале

/

пред 2178 дена

Сподели преку :

Една од мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести е забрана за работа на економските оператори после 23 часот, а таа се однесува на сите објекти меѓу кои и на  угостителските објекти. Караџовски истакна дека мерките се планираат за да нема подела на операторите.

Епидемиологот потенцираше дека и покрај тоа што не биле дозволени веселби или собирања на свирки по кафулиња тоа се случувало поради што има пораст на заболени.

-Не сум видел концерт каде народ ѓуска, вришти и носи маска. Никаде не беше кажано дека може да се организираат свадба, а вусшност знаеме дека се организираат и прават свадби и веселби. Никогаш не сме рекле како комисија и министер за здравство дека е дозволено да се прават свадба. А луѓето правеа. Изнајмуваа ресторани и со каса фискале на секоја маса претставуваа дека се по 4 гости на маса, рече Караџовски на прес конференцијата по седницата на Комисијата.