Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неефикасни комисии – ефикасно Собрание

/

пред 1831 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи го предлага Љубомир Фрчкоски за шеф на Мисијата во Обединетите нации. Веста ја соопшти спикерот Талат Џафери, до кого веќе се испратени тезите на универзитетскиот професор, поранешен министер за внатрешни и за надворешни работи. Агреман не е потребен, но потребно е идниот амбасадор да ја изнесе својата платформа пред Комисијата за надворешна политика. А таа одолговлекува, како и некои други комисии, поради што се доведува во прашање ефикасноста на Собранието.

Универзитетскиот професор по меѓународно јавно право – Љубомир Фрчкоски чека Антонио Милошоски да ја закаже Комисијата за надворешна политика, па да замине во Њујорк како шеф на нашата мисија во Обединетите нации. За ова амбасадорско место не е потребна согласност од организацијата – домаќин. Предлогот на Министерството за надворешни работи е испратено до спикерот Талат Џафери, кој веднаш го испратил до надлежната комисија.

Џафери вели дека Комисијата нема надлежност во назначувањето амбасадори. Сепак, новите амбасадори во Руската федерација, Индија, Австрија и во Италија, за претставување на своите платформи, чекаа седница на комисијата од април до минатиот петок

И во Комисијата за финансирање и буџет некои закони се ставени „на чекање“. Законите за меница, за лизинг и за Фондот за осигурување депозити се од октомври минатата година, а од пролетта чекаат законите за игри на среќа, за отпис на камати, за финансиска полиција, заемот за локални патишта и други. Според Џафери, за неефикасни треба да се сметаат некои комисии, а не целото Собрание.

Џафери најавува дека Собранието најверојатно ќе продолжи со работа по првиот изборен круг. Сега не заседава поради непишаното правило за пауза за време на изборната кампања.

Соња Николовска