Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвесно колку време ќе трае закрепнувањето на Боки 13, за утре имаше закажано рочиште за случајот Меѓународен сојуз

/

пред 2215 дена

Сподели преку :

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски итно е опериран во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“. Ова за Телма го потврдуваат од болницата од каде велат дека имал операција на прснат чир на желудникот поради претходна интервенција.

Според информациите во моментов Боки 13 е во стабилна состојба. Тој повеќе од една година е во притвор во затворот во Шутка, осуден е за случајот Рекет на 9 годишна затворска казна, а против него се води уште еден судски процес за измама и перење пари преку неговата невладина Меѓународен сојуз.

Следното рочиште беше закажано за утре, но се поизвесно е дека тој нема да може да присуствува, а докторите не сакаат да предвидуваат колку време ќе трае неговото закрепнување