-Забележани се неколку поситни престапи, но, институциите презедоа мерки, истакна Љупчо Николовски кој е шеф на изборниот штаб.
За фингерпринт пропустите Николовски вели дека таа законска измена е воведена по барање на ВМРО-ДПМНЕ, иако од СДСМ предупредувале на можни проблеми и дека требало да се испробаат пред да бидат употребени на изборите.
Сигурна победа очекува СДСМ, а веќе почнале да пристигнуваат првите резултати во партискиот штаб, рече Николовски.











