Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата владина коалиција предизвикува потреси и во Собранието

/

пред 1763 дена

Сподели преку :

Пратеникот Скендер Реџепи-Зејд најави дека како пратеник на Алтернатива утре ќе се повлече од позицијата координатор на заедничката пратеничка група со Алијанса на Албанците.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија дека се повлекувам од функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците, соопшти Скендер Реџепи.

Собраниското дејствување на пратениците на Алтернатива ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство, објасни Реџепи и се заблагодари на соработката на пратениците од Алијанса со кои беа во иста коалициона пратеничка група.

-Почит до сите пратеници на коалицијата и ви благодарам за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи, напиша пратеникот Скендер Реџепи.

Пратеничката група на Алијанса/Алтернатива имаше 12 пратеници. 8-мина се од Алијанса, 4-ца од партијата водена од Африм Гаши кој што договори влез во владината коалиција. Според деловникот за формирање на пратеничка група се потребни 5 пратеници, а Алтернатива има еден помалку.

Гаши: Како млад имав бенд кој се викаше „Празни џебови“