Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови мерки на Главниот штаб: Армијата да обезбедува болници, магацини и витални објекти

/

пред 2142 дена

Сподели преку :

Армијата да се вклучи во заштита и обезбедување на болнички капацитети каде има потреба, како и да помага на полицијата за заштита на витални објекти. Главниот штаб по дваиполчасеовен состанок одлучи ова да биде главниот дел на акциониот план бидејќи и досега болници и клиники бараа помош за обебзедување на објектите и сопствените капацитети да ги користат за помош на пациентите.

Но за ангажманот на приватни болници, користење на нивниот простор и на нивните стручни тимови, немало дебата на штабот, тврди Ангелов.

Кризната состојба беше прогласена токму поради полните болнички капацитети и преморениот медицински кадар во јавното здравство, а за тоа се донесе и законската измена која овозможува користење на приватните болници. Во таа сфера е оставено министерот Филипче да преговара со менаџментот на трите приватни болници во Скопје кои во јавноста излегоа со став дека сакаат да помогнат, но и кај нив се полни капацитетите. Предлогот кој го форсираат Систина, Жан Митрев и Ремедика е да отстапат сто кревети во поранешната гинеколошка болница Мала Богородица која сега е хотел Ибис стајл.  Тоа првично е разгледувано и со нацрт акциониот план, а дополнително Главниот штаб ќе предложи и поактивна изградба на модуларните болници, па дури и пренамена на други објекти за болнички капацитети. За пренамена на вечерашниот состанок не се разговарало, истакна Ангелов но потврди дека ќе бараат помош од невладини организации преку советот за соработка. Првата улога во кризата на невладиниот сектор ќе биде зголемување на информираноста меѓу граѓаните, а втората- контрола дали главниот штаб ќе се грижи за заштита на човековите права.

Се предвидува и соработка со приватниот сектор, за транспорт или доколку има потреба од брз дотур на храна и лекови. ЦУК имал добра соработка со приватниот сектор за време на првата кризна состојба на територија на цела држава.

Главниот штаб препорачал поефикасни инструменти за доследно почитување на мерките кои треба да спречат ширење на корона, а меѓу нив е и поголема контрола во јавниот превоз каде се уште има гужви и пролеми. Сите предложени мерки треба да ги разгледа управувачкиот комитет на Владата составен од министрите за внатрешни и надворешни работи, за одбрана и други функционери.

Миомир Серафиновиќ