Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за прилепско полициско злосторничко здружение за изборни закани и малтретирања

/

пред 1805 дена

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ објави нови пораки и тврди дека се правел црн список на возила, за чии сопственици се измислувале прекршоци.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, објави нови пораки за кои наведе дека  се јасни докази дека, како што наведе, злосторничка група на Зоран Заев и Оливер Спасовски, составена од над 40 полицајци, во изборната кампања во Прилеп правела црни списоци на автомобили за отстранување од сообраќајниот, организирала физичко следење, давала наредба за измислување прекршоци и правела списоци за гласање.

Ковачки рече дека според нивните сознанија групата била под команда на Кире Китановски од МВР, човек на Оливер Лукаревски, кој е советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Еве доказ. На 17 октомври 2021 командирот на ОВР, Дарко Цуцулоски, во вибер-групата каде што се одвивала координацијата дава команда:

’ПП 8725 АД Бел Опел

ПП 725 ЦМ

ПП 7323 АЦ 206 караван

ПП 3420 фиат црвен

ПП 9142 АЕ Пасат зелен

ПП 977 ровер црн

ПП 4125 АД корса сива

ПП 129 ЦХ астра сива

Сите овие возила возат за нив. Гледајте да ги отстраните одма‘

Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР со цел шиканирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ. Од комуникацијата на вибер-групата гледаме дека буквално полициските службеници на смена следеле само луѓе кои политички не се согласувале со власта, рече Ковачки на прес конференцијата.