Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Носел 5 кг. хероин во ранец по скопските улици

/

пред 1743 дена

Сподели преку :

37-годишен македонски државјанин е фатен со хероин вреден 200.000 евра во Скопје.

Според првичните информации, 5 килограми хероин биле во ранецот кој го носел уапсениот низ Скопје.

Од МВР соопштија:

-Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.