Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објектот кај „Мавровка“ е дивоградба – Општина Чаир тврди дека ќе биде урнат

/

пред 2265 дена

Сподели преку :

Ниту е издадено решение за градба, ниту објектот кај „Мавровка“ се гради законски – велат од Општина Чаир за Телма.

Мајсторите и денес се на градилиштето и работат неуморно на летните температури. Секојдневно напредуваат во изградбата и тоа што го градат е се поблиску до конечниот изглед.

Но, инспектори веќе дошле да ги посетат и утврдиле дека не му е местото таму на објектот којшто никна каде што порано беше кафулето „Фонтана“ пред да изгоре во пожар.

„На втори јули имаме примено известување од страна на Министерството за внатрешни работи, кои при извршената инспекција на лице место утврдиле дека сопственикот на објектот не поседувал дозвола за изградба на истиот.“ велат од Општина Чаир.

Наместо да биде завршена, градбата треба да биде урната и тоа деновиве. Од Општина Чаир ни кажаа дека нивни, општински градежни инспектори, дошле на местото на 10 јули да проверат што се гради, а направен е и записник за тоа.

Потоа, истиот тој ден, овластениот градежен инспектор од Чаир има донесено одлука со која се бара инвеститорот да го отстрани објектот и тоа во рок од осум дена.

Оттогаш се поминати единаесет, а во зависност од тоа кога инвеститорот бил известен, тој сега треба да започне го урива започнатото – наместо да продолжи да го крева објектот.

Од Чаир велат дека заедно со МВР ја следат состојбата.

Петар Догов