Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 1.203 заразени со Ковид-19, најмногу се на возраст над 60 години

/

пред 2187 дена

Сподели преку :

Застрашувачка статистика објави Институтот за јавно здравје за заболени од корона вирус во изминатата недела. Драстично е пораснат бројот и покрај тоа што го обработува периодот од 28 септември до 4 октомври во кој не влегуваат последниве неколку денови кога имаше уште поголемо ширење на заразата. Во анализираните седум денови вкупно регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи што претставува зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Особено е зголемен бројот во главниот град Скопје од каде се и најголем дел од случаите 519 што значи пшораст за 43 проценти. Највисок пораст пресметано на 100 илјади жители има Берово со 192 случаи.

Министерството за здравство информира дека според извештајот тестирани се вкупно 9.832 материјали што е само 1,5% повеќе во однос на минатата недела. За разлика од тестирањата процентот на позитивни случаи од тестирани е зголемен и во овој период изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи кај помладата популација и тоа во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9.

И бројот на починати загрижува и е 30 смртни случаи, односно за 7,1% повеќе во однос на претходната недела а коморбидитети се регистрирани кај 20 од починатите.

Билјана Николовска