Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одземена лиценцата на скопскиот превозник „Бога транс“

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Скопскиот превозник Бога транс остана без лиценца за работа откако автобус на оваа компанија на пат кон Истанбул беше фатен со несоодветни документи.

На 21-ви декември при инспекциска контрола е утврдено дека возачот на автобусот не поседувал соодветен сертификат за меѓународен сообраќај. Бога транс со седиште во Аеродром имала важечки лиценци за автобусот, а МВР тогаш соопшти дека имало проблеми и со сообраќајната дозвола во која стоел еден податок за број на шасијата, додека на автобусот имал друг број на шасија.

И со такви документи, автобусот добил лиценца за меѓуанароден сообраќај. Полицијата се уште не соопшти до каде е истрагата за сообраќајната дозвола со лажни податоци. Во меѓувреме, министерството за транспорт и врски денеска извести дека со решение ја одзема лиценцата на Бога транс и издава решение за привремена забрана за вршење на дејност.

Истиот превозник пред 5 години имаше тешка сообраќајна несреќа во Турција при што загина еден македонски патник, додека 5-мина беа тешко повредени, а една жена остана доживотен инвалид. Тогаш возачот и сопственик на Бога транс беше приведен во Турција затоа што ја предизвикал несреќата.