Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онлајн платформата за учење крахираше на пробниот тест

/

пред 2197 дена

Сподели преку :

Грешка – Врската со базата на податоци не успеа.  Националната  онлајн  платформа – падна на првиот тест .

30 000 ученици утрово се обиделе да се вклучат , ама безуспешно. Оние повеќе срекните , успеале да се логираат, но за кратко, многу бргу системот ги исфрлил.

За ваквиот крах на системот, од ФИНКИ кои ја изработија платформата за онлајн учење велат дека очекувале за време на проба, да има проблеми  -но и дека кога ќе почне училишната година, за 3 дена  онлајн наставата ќе се одвива непречено .

До почеток на училишната година има уште два дена и додека родителите и учениците стравуваат како ќе почне школската година и дали ќе можат да следат часови од дома, од МОН  излегоа со кратко соопштение дека тестирањата ќе продолжат и во наредните денови за во иднина да нема проблеми со пристап до платформата.

Ваков проблем нема да имаат дури 40.000 деца кои немаат компјутер . За нив ќе се емитува  настава  на МТВ .