Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пандемијата – предизвик за сигурен оброк

/

пред 2212 дена

Сподели преку :

Бесплатен оброк со месеци добиваат граѓани со социјален ризик во Струмица од пекара- социјално претпријатие во која пак, работни вештини стекнуваат лица кои се борат со зависности.

Лицата во процесот на рехабилитација стекнуваат знаења во областа на угостителството и пекарството, а последнит пет месеци тие прават бесплатен ручек и за своите сограѓани.

Оброците секојдневно стигнуваат и во центарот за згрижување жртви на семејно насилство во Струмица.

Волонтерите во центарот велат дека бројот на жртви за време на ковид – пандемијата неколкукратно се зголемил па снабдувањето со оброци за сите згрижени лица станало вистински предизвик.

Работењето на пекарницата е поддржано од Регионалниот проект ГИЗ за социјални права на ранливи групи.

Целта е да се постигне долгорочна финансиска одржливост на обезбедените локални социјални услуги и  да им се понуди работа на ранливите групи.

Сузана Мицева