Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Безбедносни и економски ризици за Македонија

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Македонија е свесна дека членството во НАТО и приклучувањето кон европските санкции веројатно ќе донесе реципроцитет, оценува претседателот на државата Стево Пендаровски. Во моментот, нашите стокови резерви се полни, но проблеми ќе се појават доколку кризата потрае, а цените на светските берзи растат.

Руската федерација има резерви од 500 милијарди долари, што `и овозможува да издржи и двегодишни санкции. Затоа, Пендаровски е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин долго време ја подготвувал воената агресија врз Украина. Проценува дека Босна и Херцеговина, првенствено Бања Лука, е најранливата точка на Балканот. Ова мислење произлегува од силните конекции со Кремљ на Милорад Додиќ, екс претседател и премиер на Република Српска и српски претставник во федералното претседателство.

Во Македонија, претседателот очекува „збивање на редовите“ во еден продемократски и цивилизациски блок поради заедничката опасност, но загрижен е од високиот процент граѓани кои разочарани од ЕУ, се вртат кон евроазиските опции.

По вчерашната седница на Советот за безбедност, претседателот не даде изјава. Своите сознанија и ставови ги пласираше изутринава преку интервју за порталот „Слободен печат“. Премиерот Димитар Ковачевски `се уште не се огласил, ако се исклучи споделувањето на фотографијата од зградата на МНР во боите на украинското знаме.

Соња Николовска