Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски, Заев и Османи на “менито” при посетата на Ескобар

/

пред 1762 дена

Сподели преку :

Првата прес конференција американскиот дипломат Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија во Стејт Департментот ќе ја има по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите се очекува да бидат односите на двете земји, напредокот на Република Северна Македонија во евро интеграцискиот пат, секако и потенцијалот на нашата земја и условите за зголемување на американските инвеститори, соопштија од МНР.

Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Ескобар ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Зоран Заев.