Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пецас: Очекуваме да продолжиме со една добра соработка со новата Влада на Северна Македонија

/

пред 2235 дена

Сподели преку :

Очекуваме да продолжиме со добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од регионот, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на очекувањата од Грција од новата македонска Влада, со оглед на тоа дека е веќе познат нејзиниот состав.

-Очекуваме да продолжиме со една добра соработка, секогаш со компас кон европската перспектива на земјите од Западен Балкан, а според тоа и на Северна Македонија што е во интерес на народите на двете земји и на земјите од поширокиот регион, рече Пецас.