Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно далеку од камерите и само на брифинг, Арсовска кажа дека новогодишна прослава ќе има, бесплатен автобус за две години

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Ниту четириесет дена на функцијата не и беа доволни на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да најде за потребно да застане пред камерите на медиумите и да ги одговори на јавноста големиот број прашања кои се наметнуваат секојдневно. Наместо тоа, таа денес свика новинарски брифинг и информираше за дел од тековните градски работи. Новогодишните празници наближуваат, а многу работи околу украсувањето и прославата биле ставени на чекање заради изминатите избори, па дел и на тоа го припиша Арсовска задоцнетото украсување. „Винтерленд“ вели дека и годинава ќе има – но, двојно поевтино од тоа што го чинеше поранешниот градоначалник Шилегов во минатото, а Новата година ќе се дочека со македонски музичари со кои во моментов се преговара.

Иако едно од главните предизборни ветрувања на Арсовска беше бесплатен јавен превоз за сите, таа сега најави дека тоа може да се реализира најрано за две години, а ќе почне од 1 јануари со бесплатно користење на автобусите за оние категории граѓани на кои во меѓувреме ова им било ускратено како пензионерите и лицата со попреченост. За истото информираше и новиот директор на ЈСП кој најави и враќање на ноќните линии, но и повеќе автобуси на градските улици.

Во меѓувреме, градоначалничката информираше за ревизија во тек, на сите проекти и функционери од претходната градска власт затоа што тврди дека ја затекнала касата со 50 милиони долг и во лоша финансиска состојба – нешто за што засега нема реакција од нејзиниот претходник. Арсовска тврди дека за тоа имала и закани од луѓе, за како што вели, да не ги открие постапките за незаконско работење на нејзините претходници.

Петар Догов