По неколку дена пауза, утре повторно отвораат кичевските џамии, но молитвите наместо по 45 минути, ќе траат само 15.
„Верниците нема да смеат да се ракуваат, а преостанатиот дел д верскиот обред ќе треба да го завршат дома“, објаснува Муфтијата Мурат Ефенди Усеини од Кичево.
По утрешната џума, џамиите повторно одат под клуч, и затворени ќе останат се` додека не се стабилизира состојбата со Ковид во градот.











