Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина урологот Арификмет Деари- првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот

/

пред 2281 дена

Сподели преку :

По компликации од коронавирусот, во ГОБ „8 Септември”, на 64-годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.

„Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. 

Доктор Деари беше најстар уролог во Уролошкото одделение при Клиничката болница во Тетово. Тој во својата работна кариера долго време беше и началник на одделението. Колегите за доктор Ариф, како што го знаат, велат дека бил одличен доктор посветен на работата, а воедно и добар човек. Во неговото семејство има повеќе здравствени работници. И неговиот син продолжува по стапките на својот татко и во моментов е на специјализација. Дипломиран лекар е и братот на д-р Деари. Д-р Деари денес беше погребан во Тетово.

Данијела Билбиловска