Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Починаа две жени од Виница и Берово на штипското Инфективно одделение

/

пред 2170 дена

Сподели преку :

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше за МИА портпаролот Марина Шуманска.

Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово.

На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето.

Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти.