Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Први резултати објави ДИК, минимално водство на кандидати пред противниците, но секаде има минимална пребројаност

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Во Гостивар Бејта од ДУИ и Таравари од Алијанса имаат ист број на гласови.

Во Куманово по едно пребројано ИМ водеше Тони Михајловски, пред Оливер Илиевски и Максим Димитриевски. Но, потоа поведе Максим Димитријевски. Сепак станува збор за рани резултати, а Куманово е најголема општина со над 100 избирачки места и најинтересна изборна трка.

Во Крива Паланка и Берово кандидатите на СДСМ се во водство, додека во Петровец и Неготино водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега нема тенденција туку само први резултати од помали избирачки места во општините односно некаде има само по десет внесени гласови.

За Скопје и скопските општини нема резултати се уште бидејќи во Скопје се пребројуваат 4 ливчиња, за разлика од две во останатите општини.

На насловната страница на telma.com.mk се објавуваат постојано ажурираните резултати од изборите.