Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат тензиите во Собрание за петтиот пакет на мерки

/

пред 2001 дена

Сподели преку :

Неизвесноста и тензиите околу законите од петтиот пакет на мерки продолжија. Партиите се обвинуваат меѓусебе за неуспехот на синоќешната седница, кога пратениците од опозицијата инсистираа да се гласаат исклучиво законите од пакетот и одбиваа да влезат на друга седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ понудија решение:седница денеска или викендов. Но, одговор не добија.

За Алијанса на Албанците е збунувачко однесувањето на Џафери: свикал седница во 18 часот, без да го почитува времето за ифтар на пратениците од исламска вероисповед. Тврдат и дека прекршил деловнички правила со цел да не се донесат законите, кои можеле да бидат и до сега донесени.

Премиерот тврди дека има пари во буџетот. Го осуди однесувањето на синоќешната седница, но не сакаше да коментира околу тоа, кога овие закони конечно ќе бидат изгласани.

Далиборка Демјанска Цветановска