Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рударите го слават празникот на заштитничката на македонските рудари

/

пред 1862 дена

Сподели преку :

Стевко Китановски пензиониран рудар од Македонска Каменица вака ја опиша ризичната работа на рударите кои работат во јамите, а денеска го славот празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на 6.202 рудари во земја кои работат директно во рударството и вадење на камен.

Големите прослави ги нема поради пандемијата, но затоа дел од рудниците им исплатија бонуси на рударите. Поранешните рудари и жители на рударските градови сметаат дека младите им избегале во странство.

Со цел да се задржат младите во рударските градови, веќе е и реформирано средното образование.

Поранешните рудари сметаат дека добивале минималец, во споредба со нивните колеги на светско ниво, а цената на металите е иста на берзите. Според податоците од Државниот завод за статистика за просечната нето плата за периодот јануари-јуни 2021, во секторот рударство и вадење на камен изнесува над 39.000 денари и бележи раст од 6,3% во однос на лани.

Викторија Димитрова Јованова