Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ нема да им сугерира на своите членови за кого да гласаат во вториот изборен круг

/

пред 1856 дена

Сподели преку :

СДСМ нема да им сугерира на своите членови за кого да гласаат во вториот изборен круг доколку битката се води меѓу нивните коалициски партнери . ДУИ утре ќе ги претстави 18-те кандидати за градоначалници.ВМРО ДПМНЕ обвинува дека владејачките партии се во паника.

СДСМ нема да се меша доколку во вториот изборен круг градоначалничката трка се води меѓу ДУИ и БЕСА. Ќе остават на своите гласачи сами да одлучат на кого ќе ја дадат поддршката.

ДУИ утре и официјално во Гостивар ќе ги претстави кандидатите за градоначалници во 18 општини.Во најголемиот дел  одат со актуелните градоначалници, Теута Арифи-Тетово, Рамиз Мерко –Струга, Кичево-Фатмир Дехари, Дебар-Хекуран Дука, Чаир –Висар Ганиу, за Гостивар поддршка ќе бара поранешниот градоначалник Невзат Бејта.Членот на Претседателството на ДУИ  Артан Груби е убеден во победа, а Коалицијата ан ВМРО ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива ја нарече несвојствена.

На изјавата на Груби реагираше ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ: Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Листите со кандидати за градоначалници и советници се доставувата до ДИК 35 дена пред одржувањето на локалните избори, односно најдоцна до 11 септември.

Јулијана Пешевска