Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ тврди дека целото семејство на Арсовска има бугарско државјанство, таа ги обвини дека наместо со проекти, се борат со лаги

/

пред 1821 дена

Сподели преку :

На два дена пред крајот на изборната кампања, СДСМ објавуваат нови докази за кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Од партијата тврдат дека не само таа што има бугарско државјанство и бугарска лична карта, туку има и целото нејзино семејство. Валидноста на документите се потврдува преку официјалниот сајт на бугарското МВР тврдат од СДСМ. Ја обвинуваат за неискреност кон граѓаните, и ја прашуваат за чии интереси работи.

Арсовска не кажува дали има или нема бугарско државјанство. Таа ги негираше обвинувањата на СДСМ. Побара јавно извинување од СДСМ, а веќе поднела и тужба. Обвини за црна кампања против неа, а на Шилегов и Заев им порача дека наместо да се борат со проекти и идеи за Скопје, тие се борат со лаги.