Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се зголемува интересот за вакцинација во Тетово

/

пред 1969 дена

Сподели преку :

10.000 вакцинирани граѓани во Регионалниот вакцинален пункт во Тетово. Редиците можат да се забележат уште на самиот влез на спортската сала на Медицинското училиште, каде се наоѓаат пунктовите. Интересот е се поголем бидејќи населението спасот го гледа токму во имунизацијата.

Процесот на имунизација во моментов се врши со вакцина од кинеската компанија Синофарм, а термините се закажуваат според возрасната категорија.

Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, оцени дека процесот на имунизација тече без поголеми проблеми, а гужвите пред Центарот се создаваат поради административните процедури.

Инаку напоредно со зголемениот интерес за вакцинација се намалуваат и бројките на новозаразени од ковид 19. На територијата на општина Тетово и околните општини има 118 активни случаи, заклучно вчерашниот ден.

Данијела Билбилоска