Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се зголемува интересот за вакцинација во полошкиот регион

/

пред 1976 дена

Сподели преку :

За 7 дена 6 000 граѓани од Полошкиот регион ја примиле вакцината против Ковид 19 во Регионалниот вакцинален центар во Тетово.

Само во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани најголем број граѓани досега, односно 1 225.

Претходно во пунктот во Здравствениот дом вакцина против ковид примиле 1 600 лица. Интересот од ден во ден се зголемува.

Граѓаните кои се вакцинираа велат дека спасот од пандемијата е иминузацијата на населението и дека сите треба да се вакцинирааат.

Со оглед на тоа дека бројките на новозаразени со ковид 19 се помали во споредба со предходните месеци, се намалува и притисокот врз Ковид центарот во тетовската Клиничка болница.

Хоспитализирани се само 8 пациенти, кои се во релативно добра здравствена состојба. Намален е и бројот на амбулантски прегледи.

Данијела Билбилоска