Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се намалуваат приносите на мед во Полошко

/

пред 2232 дена

Сподели преку :

Се помалку мед и пчелни производи вадат пчеларите во Полошко. Приносите од година в година постојано се намалуваат поради климатските промени, но и пестицидите кои ги користат земјоделците.

Претседателот на Здружението „Град на пчелите“, Дритон Дикена вели ова е тежок период за нив.

Пчеларството ќе биде во опасност се додека во нашата земја не се донесе закон со кој ќе се регулира употребата на пестицидите и инсектицидите, но тоа да не биде само фигуративно, вели Дикена.

Државата треба да ја зголеми помошта за пчеларите, но и да се пошумува со медоносни дрвца.

Проблем за пчеларите е и фалсификуваниот мед, кој е нелојална конкуренција, не само во квалитет туку и во цена.

Овој период полошкиот мед се продава по цена од 600 до 1000 денари за килограм. Дикена вели дека треба да се создаде бренд, со што ќе биде конкурентен на европските пазари, бидејќи е надалеку познат по својот квалитет, со оглед на тоа дека Шара има разнолика вегетација со околу 2000 цвеќиња.

Данијела Билбилоска