Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Син го убил татка си во скопската населба Бутел

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Полицијата соопшти дека претпладне е уапсен 52-годишен скопјанец осомничен за смрт на својот 75 годишен татко.

Уапсениот претходно со нож во својот дом го избодел настраданиот родител, чија смрт е констатирана во градската болница Свети Наум Охридски.

Соопштение на МВР гласи:

На 08.02.2022 во 11.34 часот од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Б.Ј.(52) од Скопје, кој во својот дом на подрачјето на Бутел со нож му нанел убодна рана на својот татко В.Ј.(75). Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде што од страна на лекар  е констатирана е смрт. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.