Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со 208 км/час-возење или летање по автопатот Велес-Скопје-Куманово

/

пред 1742 дена

Сподели преку :

Тројца возачи денеска со своите автомобили возеле над 200 км на час на автопатот Велес-Скопје-Куманово. На патот максимално дозволената брзина е 120.

Брзите возачи се фатени со радарите на сообраќајната полиција. Најбргу 208 км на час возел сопственик на БМВ.

Вкупно 90 автомобили се движеле со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

Денеска (26.12.2021) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР попладнево.