Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со 300 позитивни ковид-случаи, Гевгелија го крева алармот дека состојбата во градот е загрижувачка

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

Гевгелија е пред повторно отворање на модуларната болница, откако секојдневниот двоцифрен број на новорегистиррани позитивни случаи на Ковид-19 го пополни капацитетот на ковид центарот. Општинскиот кризен штаб смета дека ситуацијата во градот е драстично влошена, со оглед на се поголемиот број пациенти кои бараат болничко лекување.

Општинскиот кризен штаб констатира дека ситуацијата мора да се стави под контрола со редовни инспекциски контроли во трговските и угостителските објекти, каде ќе се инсистира на почитување на ковид мерките и протоколите.

Во моментов во Гевгелија има околу 300 позитивни случаи. Епидемиолозите велат дека вирусот брзо се шири особено меѓу младите лица.

Сузана Мицева