Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, на Плетвар забрана за тешки товарни возила

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар, од превентивни причини, од 17:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Од АМСМ информираат дека врнежи од слаб снег се бележат во Битола, Прилеп, Крушево и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.