Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Состојбата со Ковид се влошува – ќе се реорганизираат клиничките капацитети

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

Главниот град останува КОВИД жариште. Повеќе од половина од заразените во државава се од Скопје. Метрополата не изостанува и во црните статистики , па така секој ден најмногу починати од вирусот има во скопските корона центри. А, Карпош, Аеродром  и Центар има има и по неколку стотици позитивни на корона.

Ваквиот скок на новозаболени во овие општини , од Институтот за јавно здравје велат дека е затоа што не се почитуваат мерките.

И Аеродромците кои зборуваа пред нашата камера со став дека маски треба да се носат секаде, дури и на отворено, а и дека ваквите бројки се поради гужвите и непочитување на мерките.

Веднаш зад Аеродром втор на листата е Карпош. Таму бројот на позитивни на ковид надмина 500. Градоначаникот на општината, Богоев за Телма вели дека тие ќе се обратат и до Владата, комсиијата и кризиниот штаб , но и дека до сега два пати  се обратиле и до МОН.

Информиравме за капацитетите во основните училишта, кадар и простор (за продолжен престој), а побаравме и мислење за користење на салите и другите делови од училиштето.

Со бројките се доближува и Центар. Првиот човек на општината Богановиќ вели дека ваквата статистика е поради тоа што ова е општина каде што секој ден има голема фрекфенција на луѓе.

Инаку, во Скопје со двоцифрени бројки на ковид болни се и Кисела Вода, Ѓорче Петров и Бутел.

Теодора Цветковска