Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спортист од Кавадарци позитивен на Ковид- 19

/

пред 2279 дена

Сподели преку :

Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци е новиот случај позитивен на коронавирус, откриен при скрининг. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, во изјава за МИА денеска соопшти дека се работи за спортист, кој тренира во спортски клуб во друга општина од Тиквешко и дека скринингот покажал оти сите други играчи се негативни на коронавирусот.

Младиот кавадарчанец бил со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци има 21 случај на коронавирус, а во Росоман еден. Во Неготино 11, а во Демир Капија 10.