Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стевановиќ: Бројот на новозаболени е намален за 16,9 %, но клиниките се се уште полни

/

пред 2117 дена

Сподели преку :

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милен Стевановиќ, во вечерашното гостувбање во Топ Тема рече дека намалениот број на тестирања е во линија со последните податоци за процентот на заболени од тестирани.

Бројот на тестирања во изминатава недела бележи мал тренд на намалување, нешто помалку од 2 посто. Што секако не е доволно да извлечеме заклучок дека поради намалената потреба за тестирање се случува и намалениот број на тестови. Иако бројките за мој термин, на места за тестирање, воопшто не се намалени. Напротив! Она што укажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро 17 проценти, 16,9 е намален бројот на новооктриени пациенти со Ковид-19, а и денешните бројки зборуваат за намалување на процентот позитивни од тестирани, рече д-р Стевановиќ.

Сепак, таа вели дека од клинички апсект, тоа не значи дека бројот на прегледи на клиниката се намалил, затоа што капацитетите се уште се речиси во целост исполнети.

Но она што ни дава надеж и се поклопува со бројките на Институтот за јавно здравје е дневната фреквенција на амбулантски прегледи, која е за 20-30 посто намалена од претходната недела. Иако ние сме имале просек од 100 до 120 прегеди за 24 часа на клиниката. Сега таа бројка е сериозно намалена, рече д-р Стевановиќ.