Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ: Победа за градоначалник во Петровец, Јегуновце и Могила

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во изјава за Телма рече дека кандидатите на партијата победиле во општините Петровец, Могила и Јегуновце.

Стоилковски се повика на резултати собрани од партиски набљудувачи.

За проблемите со фингерпринт апаратите рече дека подобро што ги имало бидејќи на тој начин се спречило полнење на кутии.

Новинарката на Телма, Емилија Мисирлиевски од Пелагонискиот регион јавува дека според партиски избори, кандидатот за градоначалник на Новаци од ВМРО-ДПМНЕ објавил дека победил во првиот круг.