Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичани ќе се греат на дрва, струјата и гасот се скапи

/

пред 2191 дена

Сподели преку :

Греењето на дрва се уште е поисплатливо, сметаат струмичани. И годинава најголем број домаќинства во регионот грејната сезона ќе ја минат ложејќи печки на дрва. Според струмичани, електричната енергија но и гасот, не одговараат на нивниот стандард.

Во шумското стопанство Беласица велат дека има доволно огревно дрво и засега побарувачката е во рамките на нивните можности.

Просечно семејство користи од 3 до десет метри кубни дрва за греење во текот на една сезона. И покрај настојувањата да се заменат печките на дрва со други извори на затоплување, граѓаните тешко се одлучуваат на таков чекор.

Струмица изминативе години е на врвот по загаденост на амбиенталниот воздух во текот на зимскиот период. Една од причините за високата загаденост според надлежните, е токму од греењето на домаќинствата.

Сузана Мицева