Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Табла за струја предизвика пожар во Тетово, неколкумина вдишиле чад

/

пред 1844 дена

Сподели преку :

Евакуирани станарите на зграда во Тетово поради пожар кој се случил рано утринава во подрумот. Неколкумина побарале медицинска помош поради вдишување чад, а имало и неподвижни граѓани кои морале да бидат пренесени. За среќа нема жртви. Ова беше тежок период за граѓаните на Тетово, па прашуваат колку се безбедни и во зградите во кои живеат.

Мирис на чад ги разбудило станарите утрово во 4 часот и 30 минути во една од зградите во комплексот „Чешел“ во Тетово. Пожарот започнал од таблата за струја во подрумските простории. Интервенирале 10 пожарникари со две возила, а но поради големиот чад кој се проширил низ сите катови, биле евакуирани лицата кои тука живееле, а имало и неподвижни граѓани. Медицинска помош побарале неколкумина, а за среќа нема жртви.

Пожарникарите велат дека во зградата немало хидранти, ниту ПП апарат, а дополнителен проблем за нив биле и паркирани автомобили, поради што им бил отежнат пристапот до опожарениот објект. Тетовци се исплашени по трагедијата која се случи во болницата и по неколкуте пожари изминатиов период, па стравуваат за својата безбедност.

За два дена ова е втор пожар во подрумски простории на зграда во Тетово. Од Пожарната апелираат до куќните совети да бидат поодговорни и да преземат поголеми безбедносни мерки за заштита од пожари, но и да не ги полнат подрумските протории со непотреби предмети, кои можат да бидат лесно запаливи.

Данијела Билбилоска